Католичкиот свештеник кој патува кон Ерусалим пеш помина и низ Македонија

Од:

Пензионираниот католички свештеник Лули Конверс, на своето патување од Франција до Ерусалим, два дена одмораше во Гевгелија.

Од Дижон, Франција до светиот град Ерусалим 75-годишниот пензионер патот го минува пешки во друштво на магарето Исидора.

Како што рече Конверс на пат тргнал пред пет месеци и до сега поминал околу 2.500 километри низ Швајцарија, Германија, Австрија, Словачка, Унгарија и Србија со цел да го крене гласот против нуклеарното наоружување, сиромаштијата и уништувањето на природата, но и да го посети Витлеем, местото на раѓањето на Исус.

Магарето не го јава, туку му служи да му прави друштво и да му го носи товарот. Конверс вели дека магарето е олицетворение на упорност, мирољубивост и смиреност кон што треба да се стреми секој човек.

Вчера попладне тој го продолжи патувањето преку Грција кон Ерусалим.