Едно лице го загуби животот, а две лица се повредени во сообраќајна несреќа утрово околу 8:30 часот, откако камион излетал од локалниот пат Црешево-Раштак, на влез во село Раштак.
Според информациите од МВР, несреќата се случила кога товарно моторно возило „ТАМ“ со скопски регистарски таблички кое носело песок, од засега непознати причини излетало од коловозот, при што на самото место починал сопатникот, а возачот на камионот и уште еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Возачот и сопатниците скокнале од камионот, но нема детали зошто или како се случија несреќата.
Полицијата во моментов врши увид.
ФОТО: Архива