Како изгледа Советот на Скопје во едноумие, без вистинска опозиција?

Од:

Наместо на седница, владеачките советници во град Скопје ќе можат да си гласаат од дома, вака советникот од редовите на СДСМ, Александар Наумовски, им објасни на колегите како можат експресно да си работат без вистинска опозиција.

Советниците на опозицијата дојдоа на седницата, но ниту дебатираа, ниту гласаа.

„Еве како ќе изгледа седница на Советот без опозиција. Мнозинството нема да има потреба да доаѓа овде, слобдно ќе можат од дома да си гласаат електронски“, рече Наумоски.

Претседателката на Советот, Ирена Мишева се уште остава простор за договор меѓу власта и опозицијата, што според неа, што ќе ги направи локалните избори покомпетитивни.

„Јас сум голем оптимист, не знаеме што носи иднината“, рече Мишева.

И за да покажат што значи едноумие и опозицијата гласаше идентично како и пратениците од мнозинството, аминуваше се што доаѓаше од градоначалникот Коце Трајановски.