Кај Спомен – костурницата во Велес почна засадувањето на Рациновата шума

Од:

Во рамки на програмата на 51. Рацинови средби во Велес кај Спомен – костурницата од НОВ каде почива и поетот и револуционер Коста Солев Рацин, денеска почна засадувањето на Рациновата шума.

Организаторот на манифестацијата општина Велес под мотото „Дрво за вечна младост“ првпат иницира засадување на 33 садници – зимзелени дрвца, а кои ги засадија присутните поети на манифестацијата. Македонските и хрватските поети поети – гости и учесници на манифестацијата претходно во внатрешноста на Спомен костурница пред присутните настапија со свои стихови на поетскиот митинг.

Катица Чадиева од општина Велес, една од одговорните за организација на манифестацијата појасни дека целта на засадувањето на Рациновата шума, е таа да биде вечно млада. Поетите денеска засадија 33 садници колку што имал и години Рацин, а од годинава, па натаму секоја година по исто толку 33 дрвца ќе бидат засадувани на ова место, а во рамки на Рациновите средби.

– Секој поет учесник на средбите кој на ова место во Спомен костурницата ќе чита своја поезија потоа ќе засади и свое дрво, а кое ќе му го посвети на вечната младост на поетот и револуционер Рацин, потенцира Чадиева.

Инаку, 51.Рацинови средби во Велес завршуваат вечер во Младинскиот парк со проекција на филмот посветен на Рацин „Елегија за тебе“ од авторите Данчо Стефков и Васил Зафирчев.

Би можело да ве интересира

Во Велес и Лопушник одбележани 77 години од смртта на Рацин

Ана Ололовска

До 1 август отворен конкурсот за наградата „Рациново признание“ за 2020

Ана Ололовска

Трибина „Возможен ли е Рацин денес?“

Ана Ололовска

Доделени наградите на 52. Детски Рацинови средби

Ана Ололовска