Кадриу: Законот за јазиците не овозможува рамноправност на албанскиот јазик, туку само негов напредок

Од:

Новиот закон за јазиците што го усвои Владата на Зоран Заев не овозможува рамноправност во употребата на албанскиот јазик со македонскиот, туку само напредок на албанскиот јазик во употребата. Оваа оценка ја изнесува познатиот правен експерт Осман Кадриу во интервју за Порталб.

Кадриу додава дека од она што го нуди законот за јазици кој помина во Владата, фактички, тој не е задоволителен, бидејки нема двојазичност туку само напредок на правото на употреба на албанскиот јазик.

„Нема да има рамноправност на македонскиот и албанскиот јазик, бидејки албанскиот јазик нема да се употребува како службен јазик на државно ниво и има ограничена употреба на албанскиот јазик во институциите“ – рече Кадриу.

Според правниот експерт Кадриу, ќе биде тешко неговото усвојување во Собранието а можни се и нови промени на текстот .