Јордан Петровски ќе го тужи Фрчковски за клевета

Од:

Јордан Петровски ќе го тужи за клевата Љубомир Фрчковски, поради неговата изјава во 24 Анализа дека тој не бил политички азилант, туку економски емигрант.

Петровски тврди дека статусот на бегалец што го добил во Канада во 2005 година е исклучиво поради тоа што ги убедил тамошните власти дека во Македонија бил прогонуван од тајните служби поради своите идолошко-политички определби.

Петровски бил следен и прислушуван од тајната полиција од 1992 година, како што тврди, поради тоа што бил ВМРО-вец и еден од главните финасиери на ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите години.

Линијата по која бил следен била македонски екстрмизам и врховизам, што Петровски го смета за апсурдно во независна Македонија. Формално, прогонот Службата за државна безбедност го покрила со сомневања за неговата наводна соработка со бугарските тајни служби, кои никогаш не биле докажани, објави 24 Вести.