ЈКП: Појавата на паразитот во тетовската вода за пиење е изолиран случај

Од:

Појавата на паразитот коњско влакно вчера во тетовската водата за пиење е изолиран случај, најверојатно поради користење и на други алтернативни извори на вода од планината, изјави директорот на Јавното комунално претпријатие во Тетово, Борче Бојоски.

Според него, во близината на православните гробишта во Тетово, каде што вчера во водата беше пронајден паразитот, нема постојано снабдување со вода поради недостигот и нерационалното користење на водата за пиење, а има и голем број дивоизградени објекти, кои нелегално се приклучени на водоводот и истовремено користат и други извори од планината.

Од комуналното претпријатие велат дека откако дознале за случајот веднаш презеле заштитни технички мерки со вградување на неповратен вентил со кој се спречува навлегување на водите од други извори во градскиот водовод.

Од Центарот за јавно здравје во Тетово уверуваат дека водата во градскиот водовод е хигиенски и здравствено исправна за пиење.

Г.М.