Јанкуловска: Не поднесувам оставка

Од:

Зоран Заев веќе подолг период објавува креирани материјали кои ги добил на незаконски начин и нивното објавување го прави во една незаконска постапка. Во таа смисла не би сакала да ги коментирам материјалите што тој незаконски ги поседува, посебно ако се земе предвид фактот дека тој е еден од лицата кои се осомничени со тешко кривично дело кое секако дека треба да добие институционална завршница, вели министерката Гордана Јанкуловска.

На новинарското прашање дали по објавените снимки од телефонски разговори смета дека се уште има легитимитет да бидете министер за внатрешни работи, Јанкуловска децидно одговори со „да“.

– Меѓутоа, доколку која била од институциите смета дека во една правна постапка е потребна моја изјава, јас сум подготвена сето она што го имам да го кажам да го кажам пред институциите, нагласи министерката Јанкулоска.

Опозицијата од друга страна кажа дека не го признава постоечкиот правосуден систем за кој вели дека е целосно поклопен и контролиран од ВМРО-ДПМНЕ и дека не може да има никаква правна постапка туку само партиска. СДСМ и објави материјали за кои кажа и упати како се договараат судски пресуди во корелација на министри и обвинители.