Јане Нетковски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со лагите против мене

Од:

Лекарот Јане Нетковски од Клиниката за уво нос и грло реагира што партијата ВМРО-ДПМНЕ секој ден го злоупотребува неговото име и изминат труд со груби невистини, а за политичка пресметка.

– Господа од ВМРО-ДПМНЕ, неколку пати на вашите прес конференции ме нарекувате дека сум докажан митаџија и криминалец, иако добро знаете дека не сум за ништо осуден ниту обвинет, а најмалку дека сум митаџија. Доколку продолжите да ги ширите овие невистини, ќе бидам принуден да поднесам тужба против партијата, која со сигурност ќе ја добијам на суд. Токму во ваше време се апсеше и обвинуваше секој, за потоа речиси сите да бидат ослободени од обвинувањата. Доколку навистина сакате митаџии и криминалци, најдобро е да ги побарате во вашите редови и зграда. Вие, како најбогата партија во Европа и партиска зграда од десетици милиони евра сте последни што можете да зборувате кој е криминалец, а кој митаџија.