(ВИДЕО) Јакимовски опцу по новинарите: Идете у п…. матер

Од:

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Ставчо Јакимовски беше донесен во судот со полициска придружба откако цела вечер и ден ги помина во полициска станица.

На барање на новинарите да даде коментар тој ги опцу.

-Ма идете у п…. матер

Претходно, финансиската полиција на распит ги донесе и службениците кои заедно со Јакимовски се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Јакимовски ноќта ја помина во полициска станица. Вчера даде изјава за новинарите пред неговата куќа, каде што негираше вина.

Кристијан Ландов