Кандидатот за градоначалник од Српската напредна странка за општина Карпош, Стевчо Јакимовски вечерва одржа митинг на кој побара уште еден градоначалнички мандат.
– Овие избори се за граѓаните кои не ги интересира високата политика, туку убавината на нивниот живот. Се решив да се кандидирам за градоначалник затоа што имам концепт за општината, затоа што знам како Карпош ќе изгледа по четири години, рече Јакимовски.
Претставувајќи ја изборната програма пред жителите на Карпош меѓу другото најави воведување на гасификацијата и решавање на проблемот со паркирањето.
– Нови паркинзи ќе има, но зонско паркирање ќе нема. Од 2014 година во основните училишта бесплатна ќе биде ужинката и ексурзиите, а и децата во градинките ќе одат бесплатно, рече Јакимовски.
Според носителот на листата за советници Добрила Андоновска, ова е време на одлука дали се сака Карпош каков што е.