Јакимовски: Немам намера да се извинам на новинарите за пцовките

Од:

По пцовките упатени до новинарите, ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски по излегувањето од судот изјави дека нема намера да се извини, а новинарите ги подели на професионални и непрофесионални.

„На тие кои се коректни сакам да ги поздравам и честитам. Немам намера да се извинам на оние кои не се коректни“, рече Јакимовски.

Јакимовски се заблагодари на коректноста која ја имал од страна на финансиската и судската полиција.

Тој попладневно при влез во судот, запрашан за коментар на новинарите им се обрати со „Ма идете во п***у матер“.

Јакимовски е обвинет од страна на Финансиската полиција за злоупотреба на службената положба и овластувања. Надлежниот јавен обвинител побара одземање на пасошот и определување на мерки за претпазливост за него и четворицата други обвинети.

Кристијан Ландов