Извршители запленуваат стоката од фирмата на пратеникот Ибраимовски

Од:

Поради неплатен данок кон Управата за jавни приходи, извршители денеска започнаа да ја запленуваат стоката на фирмата „Униус ИС“, чиј сопственик е претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, пренесе Плусинфо.

Ибраимовски смета дека запленувањето е незаконско и се врши исклучиво поради неговата политичка ориентација.

– За неплатениот данок од поред неколку години, имам поднесено жалба до УЈП за која без да добијам никаков одговор извршителите започнаа со заплената. Неплатениот данок изнесува 700.000 денари а стоката која ми ја запленуваат е со неколку пати поголема вредност – вели Ибраимовски.

Од Управата за јавни приходи велат дека на обвинувања од Ибраимовски дополнително ќе се произнесат преку писмено соопштение.