Измените за ДИК со ЕУ знаме, за да се прескокне блокадата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владата на предлогот за измени во изборниот закон, односно за намалување на бројот на гласови за избор на ДИК му стави ЕУ знаменце.

Со ова се прескокнува комисија за избори и именувања со која претседава Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и кој не закажуваше седница на комисијата за избор на членови на ДИК.

Владата предлага ДИК да не се избира со двотретинско мнозинство, односно го намалува цензусот колку што имаат гласови без ВМРО-ДПМНЕ.