Изгоре куќа во струмичко Костурино

Од:

Во селото Костурино, Струмишко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот, извести полицијата.

Во пожарот за среќа нема повредени. Огнот бил изгаснат по скоро два часа, а во гасењето учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе се испитуваат.