За влакно е избегната несреќа во која можеа да настрадаат две деца во населбата Нова Колонија во скопска Гази Баба, информира 24 Вести.
Додека децата играле во дворот, дрвото паднало под налетот на силниот ветер.
Очевидци велат дека ова не е прв случај во кој старите дрвја во оваа населба паѓаат и ја загрозуваат безбедноста. Бараат од надлежните итно да преземат соодветни мерки.