Од МВР информираат дека вчера на пладне во СВР Скопје било пријавено дека од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14) од Кавадарци.
Тој и претходно во неколку наврати се оддалечувал од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.