Ивановски:Во Неготино никогаш не владеел поголем песимизам

Од:

„Во Неготино ќе се сретнеме и со стечајците, со пензионерите, со невладините организации, со организациите на жени, но пред се ќе посветиме внимание на земјоделците и на лозарите, кои што секој ден се соочуваат со се потешка и поочајна состојба, нивната мака станува неиздржлива. Лозарите како резултат на лошото работење на Владата се соочуваат со се повисоки цени на производство, а со се пониски откупни цени на своето грозје. Лозарите во Неготино паметат многу подобри времиња кога своевремено го продаваа своето тешко создадено грозје и за 14, 15, 16, па дури и 18 денари. Денеска тие го продаваат своето тешко создадено грозје за 6 до 8 денари. Оваа ситуација мора да престане и од тие причини Социјалдемократскиот сојуз денеска во разговорите со нив ќе нуди конкретни решенија за подобрување на оваа состојба“, рече Игор Ивановски.

„Во Неготино никогаш не владеел поголем песимизам и никогаш Неготино не бил во полоша состојба . Неготино кој претставуваше еден од најурбанизираните градови, денеска е сведен на ниво на обична паланка, а некои ни велат дека се повеќе заличува на населба на Кавадарци. И оваа ситуација за нас е недозволива.Ќе потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ успеа дури и да ја избрка инвестицијата од 800 милиони евра што владата на СДСМ ја донесе во термоелектраната Неготино. Но, исто така за истакнување е и дека благодарение на решителноста, упорноста на граѓаните успеавме да спречиме еколошка катастрофа во Неготино. Благодарение на 5000 потписи на Неготинчани и Неготинчанки спречивме владиниот бизнис да го уништи и еколошки чистото Неготино“, рече Ивановски.

Барање на СДСМ, рече , е да го вратат Неготино на неговите жители, да му го вратат стариот сјај, вистинско место за живеење.

„Имаме и вистински кандидат, поточно кандидатка, нашата Силвана Филипова, која е првата кандидатка жена за градоначалник“, рече Ивановски.