Иванов утре ќе го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2012 година

Од:

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања, прераснува во традиционална манифестација, чија цел е поттикнување на развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

За носител на признанието „Најдобар млад научник” за 2011 година беше избран Трифче Сандев за истражувачка работа во полето на физиката и математичката физика, додека носител на признанието за 2010 година беше Никола Златанов за истражувачка работа во полето на безжичните телекомуникации.