Исчезнатата професорка Снежана Тројачанец пронајдена мртва

Од:

Професорката Снежана Тројачанец која беше исчезната и се трагаше по неа два дена, била пронајдена почината, соопшти нејзиниот син Филип на социјалните мрежи.

Таа била пронајдена мртва во реката Вардар од страна на трагачи со кучиња.

Тројачанец беше професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна, а според пријавата во МВР таа пред два дена излегла од дома во 6 часот наутро и се упатила во непознат правец.

Нејзиниот сопруг Пламен кажа дека Снежана се лекувала од депресија.

Од семејството им се заблагодарија на сите граѓани кои се вклучија во потрагата и им понудија помош.