Политичките партии, како мисионери не неразвојот на нашето општество, откако ги урнаа сите вредности, сега се во акција да ја урнат автономијата на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците- Скопје, формиран во 2007 година, се вели во реакцијата на Институтот.
Тој реагира на информациите објавени денеска во медиумите, во кои се вели дека раководењето на оваа институција е дел од поделбата на владините функции и дека наводно позицијата на директорот на оваа институција ќе и припадне на Движењето за реформи- ДПА на Зиадин Села.
„Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје бара веднаш да се запрат овие политичките акробации и да не биде дел од валканите партиско – политички пазарења, затоа што е во спротивност со Законот за научно – истражувачка дејност и Статутот на ИДКНА, како јавна – научна установа, која како таква нема статус на владина- државна институција. Јавно го прашуваме премиерот Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на ДР- ДПА. Зиадин Села дали во поделбата на политичките функции е и МАНУ, јавните универзитети и другите научно- истражувачки институти и дали ова е во духот на деполитизацијата на јавите институции, како што претендираа пред формирањето на владата“, се додава во реакцијата.
Околу тенденциите за политизација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците- Скопје, тие најавуваат дека ќе ги запознаваат сите странски дипломатски мисии во Македнија и невладните организации.