Вонредни инспекции кај матичните лекари на трите деца со дијабетес кои вчера завршија на КАРИЛ, наложиле од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Дали има пропуст во лекувањето ќе се знае по завршување на инспекцијата.
„Веднаш по добиените информации за трите деца, испративме инспектори на терен кај матичните лекари во Охрид, Гевгелија и Свети Николе, но и во општите болници каде првично биле примени децата пред да бидат донесени на Клиника“, изјави директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова Бухова.
Заменик – министерот за здравство Асим Муса, пак, уверен е дека нема пропуст кај лекарите. Тој информира дека здравствената состојба на 14 годишното девојче е стабилна и ги обвини родителите што навреме не го однеле детето на лекар.
„Сите три случаи се новоткрени, отишле на лекар за нивната здравствена состојба и во матичните установи било откриено дека е дијабетес, но согласно правилата бидејќи се деца, тие се испратени на Клиниката за детски болести“, рече Муса.
Лекарите предупредуваат да се внимава повеќе во исхраната кај децата со дијабетес. Зголемено мокрење, консумирање повеќе вода и храна а истовремено слабеење се многу важни знаци кои треба да ги препознаат родителите, порачуваат ендокриолозите.
Девојче од Охрид и уште едно двегодишно и 4-годишно дете неделава биле хоспитализрани на Детската клиника со дијагноза дијабетис коишто на тежок и опасен начин дознале дека се болни. Децата се од Охрид, Гевгелија, Свети Николе. Од асоцијацијата на деца дијабетичари се сомневаат дека лекарите во Охрид не успеале навреме да го откријат труењето на организамот предизвикано од дијабетисот.
Галена Николовска – Ризвановиќ
