А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Инфо Шкип: Tројното убиство во Дебар го извршила поголема ќерка на семејството Поцеста

by А1он03/09/2018 - 08:5803/09/2018 - 09:03202
Share0

Извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка, која исто така со нив живеела во Италија, пренесува порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на извори од полицијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Неофицијално се дознава дека Б.П. (25) откако го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.

Во извршување на убиствата и помагале две лица, едно од Гостивар, познато на полицијата по проблематичното однесување, кое ѝ помагало во превозот, и едно од Дебар, кое го обезбедило пиштолот.

Тројцата се приведени и однесени во Основниот суд во Гостивар, што, заедно со Основното јавно обвинителство од овој град, се надлежни за ова кривично дело.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според последните информации на тројцата им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, Амит (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14) Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците Поцеста речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

Трите безживотни тела ги пронашле роднини, кои откако виделе дека ги нема на домашната веселба на нивен близок роднина и не се јавувале на телефонските повици, заминале во нивната куќа, влегле преку отворен прозорец со помош на скала. Шокирани од глетката ја известиле Полицската станица од општа надлежност во Дебар,која потоа ја информирала Општата болница. Екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.

Тие беа погребани на градските муслимански гробишта во Дебар во вторникот, а до вечните почивалишта ги испратија неколку илјади дебарчани.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео