(ВИДЕО) Инцидент пред Собранието: Девојка истуркана од бината на протестот на „Македонија блокира“

Од:

За време на протестот пред Собранието, демонстрантите од „Македонија блокира“ истуркаа девојка која се обиде да зборува од бината.

Девојката, која се претстави како Ангелина Заркова од Штип, се качи на бината сакајќи да одржи говор, но демонстрантите на сила ја симнаа, по што ја влечеа и истуркаа подалеку од бината.

Таа извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се обрати пред присутните, но беше спречена од демонстрантите.

Демонстрантите ја отстранија девојката со осуда дека е инфилтрирана од СДСМ и ја нарекоа провокаторка на Заев.

Дел од учесниците почнаа да ги навредуваат снимателите и новинарите кои сакале да го снимат инцидентот и сакале да им ги земат камерите. Извикувале „Марш провокатори. Марш душмани. Доле камери.“

За време на инцидентот полицијата не интервенираше.

Габриела Димковиќ-Мишевска