Илина Арсова го освои Монт Еверест

Од:

Македонската алпинистка Илина Арсова денеска стана првата Македонка која го искачи на Монт Еверест, објави порталот МКД.мк.

Таа утрово во 3:15 часот застанала на највисокиот врв на светот, на висина од 8.848 метри.

Во моментов таа се спушта од најголемата планина во светот и се наоѓа на висина од околу 7.000 метри.

Илина Арсова има триесет и една година и е ликовен уметник и позната планинарка која во женска конкуренција има постигнато најголеми успеси во Македонија.