А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ИКОМОС: Недвижното културно наследство да се реставрира со соодветни материјали

by А1он09/03/2018 - 13:40179
Share0

Материјалите што се употребуваат при конзервација и реставрација на објектите од културно-историското наследство имаат огромно значење врз квалитетот на спроведените активности за нивна заштита. Честите земјотреси, особено оние од минатата година во охридскиот регион, се причина повеќе при конзерваторските активности да се употребуваат современи материјали со карактеристики соодветни на оригиналните.

Добивај вести на вибер

Тоа е пораката од експертскиот форум на тема „Традиционалните материјали на база на вар и нови композитни материјали за конзервација, реставрација и зајакнување на недвижно културно наследство“ што се одржа денеска во Охрид, во организација на ИКОМОС – Македонија, фирмата за производство на композитни материјали „Мапеи“ и НУ Завод и музеј Охрид.

Лазар Шуманов, претсеадател на Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети) појасни дека денешниот форум е дел од нивните активности насочени кон стандардизирање на употребата варови малтери и соединенија при конзервацијата и заштитата на спомениците на културата.

– Се што поседуваме во Македонија како културно наследство е изградено врз база на варов малтер. Наша интенција во ИКОМОС – Македонија е максимално, колку што е можно, во тие конзерваторски зафати да се почитуваат светските стандарди, водење сметка за техниките на градење од минатото и, секако, употреба на соодветни материјали, истакна Шуманов.

Експертите укажаа на бројни примери во минатото кога при конзервација на историските градби во Република Македонија се употребувале цементни и други материјали, што не се со иста цврстина како оригиналните материјали вградени во самите објекти.

– Едно од основните правилата при конзервацијата и реставрацијата е никогаш да не се комбинираат материјали со различна цврстина. Тоа негативно се одразува врз самите историски објекти и спомениците, влијае врз нивната трајност и само нанесува дополнителна штета врз нив, нагласи Шуманов.

Красимир Вузгенчев, инженер во бугарското претставништво на италијанската компанија „Мапеи“, специјализирана за производство на материјали за реставрација, истакна дека честите земјотреси во регионот, како и светските практики во реставрацијата, ја детерминираат потребата од употреба на квалитетни материјали.

– Светските искуства налагаат дека при конзервација и реставрација на објекти – споменици на културата изградени пред стотици и илјадници години, да се употребуваат соодветни материјали, изработени по современа технологија, но блиски до оригиналните, рече Вузгенчев.

Предвидено е експертски предавања за стандардизација во употребата на соодветни материјали при реставрацијата на спомениците на културата и историските објекти од особена важност ќе се одржат и во Битола, Прилеп, Штип, Скопје.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто