Игор Спасовски пред да го изврши двојното убиство оставил проштално писмо и пари за погреб

Од:

Игор Спасовски, кој пред да се самоубие ги уби двете сестри, вчера во Аеродром, оставил проштално писмо кое било пронајдено во возилото со кое тој дошол во домот на Наташа, а биле пронајдени и пари кои требало да бидат употребени за неговиот погреб, пишува Утрински весник.

Истрагата која се води интензивно ќе покаже дека Игор Спасовски најверојатно го испланирал трагичниот настан. Имено, како што се дознава неофицијално, во возилото „форд фокус“, со бугарски регистарски таблички, а кое што во понеделникот беше обезбедено со полициска линија, било пронајдено проштално писмо напишано од Спасовски. Според истите сознанија тој во возилото оставил 26.000 денари кои што требало да бидат употребени за неговиот погреб, а наводно, во дел од писмото тој го најавил настанот кој ќе се случи само малку по неговото пристигање во населбата Аеродром.