И затворениците се луѓе

Од:

Мери Николова-активист, по многуте фотографии и информации за лошите услови во затворите за А1он вели дека мора да се шири гласот на осудените, за да знаат сите како се постапува со нив.

Еве што вели Николова за А1он:

Гледаме, слушаме што све прави оваа vласт. Од толку корумпирање, крадење и друг вид на криминал, власта не може да ги погледне граѓаните на Република Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај до месецот, а најважно што е не треба да се заборават и луѓето кои што се на одлежување на затворска казнa. И тие се граѓани на државата. Состојбата во затворите е многу слична со онаа состојба на полицајците што се покриваат со кебиња од ЈНА, за која говореше министерката Јанкуловска.

Мери Николова
Мери Николова

Дали некој се грижи за затворениците, каква храна добиваат, во какви услови ја одлежуваат казната. Па ако се затвореници не се животни. Колку ли луѓе лежат во затворите како жртви на владино-мафијашката релација? Има голем број на затвореници кои што одлежуваат затворски казни за убиства, а тие не се убијците, каде го има ова? До кога вака?! Дали тие затвореници ги чека некој надвор, имаат ли тие фамилии кои што мислат на нив секојдневно, каде се, што може да им се случи во небезбедните македонски затвори. Каде е министерот за правда Јашари ? Зошто се крие, зошто не одговара на тие прашања, или пак он е само параван и формално министер, а од сенка функционира некој друг!?

Највероватно, е така, негово е да си седи во министерската фотелја, колку да се каже дека имаме министер за правда од ДУИ а работата ја бркаат неговите другарчиња од ВМРО на чело со криминогените братучеди Мијалков и Груевски. Само тие се прашуваат за таа функција, прашања од примерот кој треба да се вработи, кој треба да се избрка, и се разбира кој треба да лежи во затвор. Па кој ли ним ќе им суди?

zatvorPrilep2

Дали воопшто ќе треба да им се суди или по кратка постапка треба да си одберат само келија и да се спроведат во затворите.Според некои проценки 25-30 проценти во затворите низ Македонија лежат невини луѓе или пак имаат добиено максимална казна за најмал прекршок по налог на гореспоменатите братучеди. Да не го амнстираме и Народниот правобранител Иџет Мемети, кој така речи нема решено ни по една преставка од затворениците за условите во затворите и приговорите за неправедно осуденици.Многу е жално што правниот систем е мртов, и не е ни чудо што баш во затворите се прават најголемит изборни измами, наголемиот криминал.

Еден глас-една кутија цигари, еден глас-еден телефон и многу други изнуди за глас, вклучувајќи ги и заканите по животот на затворниците. Што воопшто прави правобранителот никој не знае да кажи.Можеби му е срам да земе екипи на новинари и да влезе внатре да каже ова што е напишано не е точно, гледате дека ситуацијата не е таква како вие што кажувате, нема влага во келиите, се хранат со одлична храна и слично. Народот не заборава, иако владеачката партија е со кратко паметење, бидете бар малку човечни.