А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

И во Македонија бил увезен сусам со пестициди – надлежните дел уништиле, дел не нашле

by А1он26/01/2021 - 18:2826/01/2021 - 18:29664
Share0

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека како контакт-точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, во последните месеци има добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

Добивај вести на вибер

Од АХВ информираат дека е постапено по две нотификации, а за третата од јануари годинава, постапката е во тек, информираат од АХВ, откако Србија соопшти дека вратила 17.8 тони сусам од Индија поради присуство на истиот пестицид.

– По приемот првата нотификација во септември минатата година (23 септември 2020 година) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки согласно законските надлежности. Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла, појаснуваат од Агенцијата.

Во вториот случај, при примената нотификација на 6 ноември лани, направена била контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и било утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и спроведува континуирани контроли. Доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира согласно законските надлежности, се вели во соопштението.

susamuvoz na hrana
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен