Во Скопје, Тетово и во Гостивар има вкупно 3.424 заболени со Ковид-19, што е речиси две третини од вкупниот број активни случаи во земјава (5043). Овие три града во континуитет последниве десетина дена имаа најголем раст кај новозаболените, но и кја хоспитлаизациите. Главниот гради во моментов има 1677 активни случаи, во Тетово има 1079, а во Гостивар 688.
Како што објави вчера МЗ, во претходното деноноќие од направени 9.270 тесторања, регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19, од компликации од вирусот починале десет пациенти, а 104 оздравеле. Како и во изминатите денови, најголем број новозаразени се во Скопје – 245, по што следат Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37… Пријавените починати лица се на возарст од 33 до 84 години. Бројот на активни случаи со Ковид изнесува 5 043.
По подолг период во вчерашната статистика со еден новозаболен се појави и Дојран, без активни случаи засега остануваат само три града, Кратово, Крушево и Богданци.