Хуманитарна забава за Маја Керова

Од:

Здружението за самохрани родители „Надеж“ и Клубот на млади од Црвен Крст од Неготино, организираат хуманитарна забава, со цел да и помогнат на Маја Керова-Бабунска да замине на лекување во Хјустон, САД.

Еден од организаторите, Симон Андонов ги повика сите хумани лица да присуствуваат на забавата.

-Кога моќните се откажаа од неа, останавме само ние храбрите да и помогнеме да ја победи оваа битка – вели Андонов.

Забавата ќе се одржи во недела, во 21 часот, во клубот Акрополис во Неготино.

Керова е сопруга и мајка на две ќерки, која од јуни 2010 година се бори со ракот на дојка. И по хируршкиот зафат и стандардната терапија, ракот метастазира на карлицата и коските на десната нога и бележи промени во белите дробови и црниот дроб.

Заради оваа дијагноза на Керова итно и е потребно лекување на клиника во Хјустон, а трошоците за лекување изнесуваат од 60 до 180.000 американски долари.

Хуманите лица може да донираат на:

– Vip 077 143 702

– T-Mobile 070 143 132

– ONE 075 143 133

Или на девизната сметка:

Maja Kerova

Ul. Ilindenska 60/13 Kavadarci Makedonija

IBAN: MK07210501634288447

SWIFT:TUTNMK22