Ховит: Ова е договор во интерес на земјата

Од:

Ова е договор кој е постигнат доцна, но се надевам и верувам дека не предоцна. Никој не треба да го потценува предизвикот на страните во пронаоѓањето договор и мојата порака до земјите-членки на Европската унија е да се надминат да ги надменат сопствените предизвици и да овозможат плодовите од овој договор да се реализираат. Ова е пораката на известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Ричард Ховит, што пред неколку минути ја лиферуваа од неговата канцеларија во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, во соопштението на британскиот европратеник се наведува дека е постигнат договор за крја на политичката криза во Скопје за враќање на нормалниот политички живот и извршување на клучните реформски прашања во земјата.

– Договорот е од клучно значење за европската перспектива на оваа земја и јас сум горд што одиграв улога во посредувањето. Важно е што овој договор е постигнат од страна на партиите, а во интерес на земјата. Длабоко и искрено им се заблагодарувам за тоа, додава известувачот Ховит, кој прв го објави политичкото примирје во нашата земја на својот профил на социјалната мрежа Твитер.