Хисни Исмаили ќе биде новиот министер за култура

Од:

Хисни Исмаили ќе биде новиот министер за култура, потврдија партиски извори од „Алтернатива“. Од таму велат дека премиерот Заев го прифатил предлогот на Африм Гаши,  професорот од Тетовскиот универзитет  да дојде на местото на Асаф Адеми. Листата со предлози за останатите министерски смени се очекува во текот на денот од Владата да биде доставена во Собранието, а наредната недела според најавите ќе биде на дневен ред пред пратениците.

Според последните изјави на премиерот Заев, ќе бидат сменети вкупно 8 министри, заменици министри и 20-тина директори на јавни претпријатија.