Хеликоптери од Турција и Бугарија го гаснат пожарот во селото Моране

Од:

Хеликоптери од Турција и Бугарија го гаснат пожарот во селото Моране, Студеничани кој уште е активен. На терен се ангажирани и 20 лица од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во Македонски брод  се уште е активен и пожарот во атарот на селото Требовље, кој е префрлен во с. Растеж,  во местото викано Фојник и се движи кон кон с. Близанско. Пожарот е на отворен простор, запалена е сува трева и лисната постилка од борова шума. Ангажирани се 45 лица за негово гаснење.
Кон селото Калуѓерец гори сува трева и ниско стеблесна шума. Гасат 28 лица

Има активни пожари и на територијата на Kарпош – кај селото Радуша кон Јегуновце гори ниско стеблесна шума оди пеку сртот према село Бојане. На терен се пожарникари со 2 возила.

Во Велес активен е пожарот кај Чашка на планински предел Јакупица, кај село Нежилово, каде гори на непристапен терен за гасење. Во Чашка на планински предел кај село Дреново активен е шумски пожар на непристапен терен за гасење

Во Тетово, кај  село Копанце гори сува трева по сртот на планината Жеден и не е зафатена шума. На терен се ангажирани пожарникари.  Во атарот на с.Гургурница гори сува трева и пасишта, но постои можност да зафати и дел од високата шума. Пожарот е дојден од страна на Македонски Брод, горат пасишта, се шири према с.Корито, општина Гостивар. На терен се ангажирани лица од ТППЕ.

Под контрола се пожарите во атарот на село Девич, во месноста викана Попец, каде е запалена сува трева и ниско стеблеста шума.

Во село Богомила, општина Чашка шумскиот пожар е под контрола.  Ангажирани се 8 припадници на силите за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување Учествуваат и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Изгаснат е пожарот во атарот на селото Јанковец во непосредна близина на Манастирот Св.Богородица зафатени беа 3 хектари дабова шума и сува трева. Вкупно беа ангажирани 86 лица.

Изгаснат е и пожарот во селото Трновац каде беше запалена сува трева и ниско стеблеста шума.
Дирекцијата за заштита и спасување сооопшти дека е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.