Хеликоптери интензивно ги бараат планинарите на кои вчера им се губи трагата по силното невреме на Кајмакчалан. Тие биле дел од група која планинарела на македонската страна од планината, но на двајца им се губи трагата.
Според информации на А1он, лоциран е сигнал од нивните телефони во близина на караулата, а известен е и Центарот за управување со кризи и граничната полиција.
Од МВР велат дека не може да се потврди дали тие се живи.
