Хан во Скопје на средби со партиските лидери

Од:

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, денеска ќе допатува во Скопје со цел да ги откочи преговорите за имплементирање на политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули.

Како што потврди неговата портпаролка Маја Коцијанчич, Европската комисија одблиску го следи развојот на настаните во Република Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот што донесе крај на политичката криза во земјата.

– Можам да потврдам дека комесарот Хан, идната недела, поточно во понеделник ќе отпатува во Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску и уште еднаш ќе повториме дека Европската комисија очекува партиите да се држат до распоредот во имплементирањето на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, истакна Коцијанчич минатиот петок.