Хан: Политичките игри да се остават на страна

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан порача дека европските перспективи треба да се сфатат како национална цел. Тој ги повика сите страни да се вклучат во реформите, а политичките игри да се остават на страна.

„Кога разговарам со различни претставници, сите велат дека се за ЕУ перспективите и за евроатланска иднина на оваа земја. Очекувам во име на таа цел, политичките иигри да се остават на страна и сите да се фокусираат кон истата цел. На крајот секој политичар, ќе биде оценет.“, истакна Хан.

Тој на заедничката прес-конференција со пермиерот, Зоран Заев ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името.