Хан: Македонија е пример во регионот, за решавање на билатералните конфликти

Од:

-Честитам за поканата за членство што ја добивте минатата недела. Ова е голем чекор граѓаните ќе добијат повеќе безбедност, просперитет. Народот во оваа држава покажа отпор издржливост и сега служите како пример за целиот регион кој треба да ги охрабри останатите да си ги решат билатералните конфликти, вие сте модел за целиот регион, благодарам за одлучноста на владата, давам поддршка во преземањето на сите чекори-истакна еврокомосерот Јоханес Хан на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека Македонија има силна поддршка, а сега граѓаните се тие кои треба да одлучат за иднината на својата земја.

-Вратите на ЕУ сега се ширум отворени, ви останува да ја искористите оваа можност. Ги поттикнувам граѓаните да го искористат своето право да учествуваат на референдумот, особено ги повикувам младите. Се работи за вашата земја, вашата иднина. Напредокот го препозна и Советот на ЕУ, веќе се отвора патот, треба да се фокусирате на реформите во одредени области. Сите сме задоволни од успехот на спогодбата со Грција, но остануваат уште многу прашања на кои треба да се работи. Ги повикувам сите засеганати страни и институции да го прифатат ова и конструктивно да се вклучат, особено владеењето на правото, реформите во јавната администрацијата. Денес е уште еден добар ден на вашиот пат кон евроинтеграцијата, натамошните резултати се во интерес на вашата земја-заврши еврокомесарот.