Груевски: Во Брисел не прифативме ниту техничка, ниту преодна Влада

Од:

Во Брисел не прифативме ниту техничка влада, ниту преодна влада, ниту нешто слично, а тоа што се случуваше беа различни идеи на луѓето кои се обидуваа да ни помогнат, а кои господинот Заев ги одби од прва до последна, изјави премиерот Никола Груевски.

„Јас тоа не го доживувам како успех. Ако за него позитивен правец е да се кочат преговорите, да завршуваат со неуспех и со тоа да се прави штета на Македонија, пред се на македонската економија, на отворањето на нови работни места, на привлекување инвеститори, штета на имиџот на државата, тогаш тоа е своевиден успех што тој го доживува како успех. “, рече Груевски прашан за коментар на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека по Брисел работите се движеле во позитивен правец.

Груевски не дал коментар за ниеден од предлозите бидејќи не можел да одбие или прифати нешто што било веќе одбиено, а на крајот го одбил единствениот предлог на Заев.

„На крајот се се сведе на еден негов предлог кој јас го одбив. Разговорите се надевам, дека ќе продолжат на еден или друг начин“, рече Груевски.

Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е во секој момент подготвена за избори.

„Дали СДСМ би сакал да бидат сега, веднаш т.е. кон крајот на јули, бидејќи законски е да се имаат минимум 45 денови за организирање избори, или ако сакаат во август, септември,ноември или во април следната година. Ние веруваме во она што го работиме и веруваме дека граѓаните тоа го почитуваат, го ценат, следат и дека повторно ќе добиеме убедливо мнозинство и поддршка од граѓаните на Република Македонија“, истакна Груевски.

Leave a Comment

5 × five =