ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на локалните избори без разлика дали СДСМ ќе излезе на нив. Ќе победи и според бројот на градоначалници и според освоените гласови, рече премиерот на Македонија, Никола Груевски, во обраќање на завршниот ден на политичката академија “Зајакнување на локалната демократија” организирана од Институтот “Павел Шатев”..
Груевски се обрати кон градоначалниците и кандидатите за градоначалници од редовите на партијата.
Бидете внимателни и одговорни во вашите ветувања. Ветете онолку колку што можете да исполните. Ние сме партија која не работи од денес за утре, ние работиме на долги стази, рече Груевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е позната како место која се дава можност на квалитетни кадри.