• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Груевски в четврток на две судења во исто време

by А1он27/08/2018 - 16:01143
Share0

Експремиерот Никола Груевски в четврток, 30 август, треба во исто време (9 часот и 30 минути) да се појави на 2 судења во различни судови. Во кривичниот суд во Скопје треба да продолжи доказната постапка за предметот „Насилтво во Општина Центар“, каде се испитуваат сведоците предложени од специјалното јавно обвинителство.

Добивај вести на вибер

Ова е прв предмет на СЈО за кој почна судење, но 2 години се развлекува поради тоа што судењето почна од почеток и како поради фактот што судијата Душан Јосифов кој го суди предметот закажува во просек по 1 рочиште месечно.

Во исто време, истиот ден, во Апелацискиот суд во Скопје, Груевски треба да присуствува на седницата по жалбата за пресудата на кривичниот суд во Скопје за набавката на „мерцедесот“, каде доби казна затвор од 2 години за сторено кривично дело „примање награда за противзаконско влијание“. Предметот во Апелацискиот суд ќе го реферира судијката Тања Милева.

Пресудата за Груевски на скопска единица е напишана на над 200 страници текст, а од одлуката на скопска Апелација, директно ќе зависи дали Груевски ќе се спаси од затвор, особено поради можното застарување на кривичното дело во октомври оваа година.

Васко Маглешов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен