Груевски се назначил за шеф на изборниот штаб на Тодоровиќ

Од:

Лут што Тодоровиќ во првиот круг има помалку гласови од против кандидатот Жерновски лидерот на ВМРО ДПМНЕ премиерот Груевски уште ноќта по изборите го разрешил Миле Јанакиевски и тој се ставил за шеф на изборниот штаб на Тодоровиќ, објави Либертас.

Извори за порталот велат дека Груевски јасно им кажал дека Центар не е спремен да го изгуби и дека во вториот круг лично тој ќе ја водел битката за гласови за да победи неговиот фаворит но пред се да не ја изгуби општината во која има најмногу инвестирано со проектот Скопје 2014.

Вчерашното шетање на премиерот со Тодоровиќ по пазарите и улиците на Центар е само почеток на жестоката кампања која Груевски се спремал да ја води за Центар. Против кандидатот Жерновски најави ревизија на потрошените пари за проектот Скопје 2014 за кој многумина велат дека е всушност пералницата за пари на власта бидејки во него се потрошени околу половина милијарда евра.