Премиерот Никола Груевски на седницата на Собранието за пратенички прашања во одговор на Стојко Пауновски од СДСМ рече дека постапките за имотот на ВМРО-ДПМНЕ се законски и транспарентни и оти тоа може да се провери.
Пауновски праша зошто ВМРО-ДПМНЕ купиле 63 објекти низ Македонија, од каде собрале 11 милиони евра за таа намена и зошто го изградиле партиското седиште во Скопје?
– Партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ партијата го стекна на начин што претходната зграда што ја имаше и дворното место што го имаше ги даде на јавен оглас и побара фирма инвеститор што сака да изгради соодветен објект од којшто една третина ќе припадне на партијата. Тоа се случи, се јавија повеќе кандидати, еден од нив беше избран, се изгради објектот и отприлика една целина од припадна на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.
