Поранешниот претседател на партијата и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не се појави помеѓу луѓето на митингот пред владата.
Помеѓу присутните пратеници беше и Илија Димовски, а присуствуваше и поранешниот технички премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.
Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков митингот го следеше од прозор во зграда спроти владата, а неговиот брат Влатко Мијалков беше пред бината меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.
На митингот беше и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа.
Во првите редови беше и Стевче Јакимовски од ГРОМ.