Груевски: Не прифаќам дуел со Црвенковски за да не се прави циркус

Од:

Премиерот Никола Груевски гостуваше во емисијата на Миленко Неделковски. Одговарајќи на прашањето на Кире Наумов, зошто не излегува на дуел со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, Груевски рече дека причината е што дуелите се под нивото, а и дека Црвенковски двапати одбил да излезе на дуел со него.

„Јас во повеќе наврати имам кажано дека и покрај тоа што на двапати оценив дека ќе отидам на сиот ризик, начинот на кој Црвенковски и неговите соработници ги доживуваат тие дуели е далеку од нивото. Едниот на другиот си кажува дека е пијаница и ненормален. Дуелите во кои учествува Бранко Црвенковски се од таков тип. Кој колку крши, кој колку е луд, кој е пијаница. Тоа е главната причина поради која не сум сакал да прифатам, за да не се прави еден циркус, едно шоу, кое е под секое ниво“, одговори Груевски.

На тоа Наумов му реплицираше дека таков стил немаат Шеќеринска и Бучковски, Груевски истакна дека станува збор за истата школа.

„Ако зборуваме така, тогаш еве ќе кажеме дека вие сте школата на Љубчо“, одговори Наумов.