Експремиерот Никола Груевски денеска се појави на рочиштето за случајот „Насилство во општина Центар“ кое се одржува во исто време со седницата во скопска апелација, каде се одлучува за жалбата за затворската казна за случајот „Тенк“.
Груевски со задоцнување се појави на рочиштето во кривичниот суд.
Адвокатите доставиле поднесоци до Апелациониот суд дека се спречени да присуствуваат на јавната седница на Апелациониот суд. Судијката Цветанка Периќ седницата ја одложи за утре.
Сите адвокати освен Дончо Наков го известиле судот дека поради главна расправа во Кривичниот суд не може да дојдат на судењето во апелација.
Васко Маглешов