Груевски: Наша цел е да правиме што повеќе добра за граѓаните

Од:

Вечерва владеачката коалиција беше во Битола, а на предизборниот митинг се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Се сеќава ли некој на проекти завршени кога градоначалник на Битола беше од СДСМ. А на што да се сеќаваме, на ТАТ и на над 30.000 луѓе кои останаа без над 100.000 марки во тоа време, да се сеќаваме на затворањето на еден куп фабрики. Клиничката болница во Битола беше на работа на функционалноста, праша тој.

Битолската болница, додаде, е целосно опремена со најсовремена апаратура, а лекарите ги праќаме во најголемите светски центри на обука, со заеднички сили индустриската зона Жабени е изградена, понудивме едно евро од квадрат и ја завршиме работата, се купуваат парцели, почна да се гради во Битола, во Илинден во Петровец, секаде каде има индустриски зони.

Таму не е важно колку си близок со народот, таму е важно да си близок со Бранко. Народот гласа во Битола, а не Бранко. Битолчани не сакаат време кога ништо не се правеше во Битола, сакаат дела. Нашата крајна цел е да направиме што е можно повеќе проекти во интерес за сите, ветуваме и реализираме, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Груевски.

Груевски додаде дека им ветиле на земјоделците голема поддршка и тоа го исполниле, а исто било и со здравството како и во економијата преку правење на добра бизнис клима, со домаќинско водење на државата.

Во време кога цела Европа се тресе од криза, во време во кое што девалвираат валути, во Македонија успеавме во тоа тешко време да задржиме стабилност и да направиме раст. Не случајно сите меѓународни институции проценија дека Македонија беше една од земјите кои најдобро се снајде во условите на светската економска криза, не застанавме со реформи, туку со 4 пакети на антикризни мерки создадовме што подобри услови за бизнис. Станавме држава со најниски даноци и најдобри стапки за правење бизнис, со илјадници намалени бирократски процедури, затоа што работиме искрено и реално да направиме напредок за Македонија, рече премиерот.

Тој посочи дека по 15-16 часовната дневна работа си заминуват задоволни затоа што гледаат резултати, бидејќи народот во Македонија, постојано сака да види дела.