Груевски: Црвенковски работи против интересите на Македонија

Од:

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенкиовски очигледно работи против интересите на државата за да ја спаси својата кариера, истакна вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на кандидатот за градоначалник од оваа партија и коалицијата „За Подобра Македонија“ во општина Гевгелија, Иван Франгов.

– Треба да биде јасно дека ако добиеме негативен извештај од ЕУ, тоа ќе биде лична залуга на Бранко Црвенковски. Тој купуваше само време и се уште ги лаже најблиските негови луѓе, внатре во партијата дека изборите ќе бидат одложени. Лажеше до вчера, ги лаже и денеска сите, па дури и претставниците на меѓународната заедница, потенцира Груевски.

Вечерва сум тука, заедно со вас, нагласи Груевски, за да му дадам поддршка на нашиот кандидат за градоначалник Иван Франгов.

– Со него изминатиот период имавме одлична соработка. Секогаш како Влада бевме спремни да му помогнеме кога требаше, а и тој секогаш помагаше, па дури и не туркаше некои работи да ги завршиме поскоро. Најголем дел од она што го вети, тој го оствари затоа што нашата филозофија е да го ветиме само она што можеме да го реализираме, рече Груевски.

Додека СДСМ беше на власт во Гевгелија, како што рече Груевски, не се направи буквално ништо.

– Ниту еден проект не беше реализиран. Ниту едно работнио место не беше отворено. Гевгеличани уште ја паметат продажбата на „Зора“ и „Винојуг“, кога без работа останаа 1.200 луѓе. Не само што не направија додека беа на власт, и сега советниците на СДСМ не поддржаа ниту еден проект во општината. Беа буквално против се. За разлиака од нив, ние работиме за граѓаните на Македонија, потенцира Груевски.