Опозицијата јасно најавува, на локални избори без договор за предвремени парламентарни избори нема да учестува. Премиерот пак смета дека СДСМ, же излезат на избори, бидејќи изјави, СДСМ е во ситуација кога давеник бара сламка за спас.
– Се закопааа длабоко во ровови дека немало да одат на локални избори. Во исто време на терен се подготвуваат како да имаат избори. Подготовките им течат турбо, што е супер. Ние тоа го поздравуваме. Нека се подготвуваат и има за што да се подготвуваат. Не им е лесно со противници од ваков калибар како градоначалникот на оваа општина. Од друга страна цврсто зборуваат во јавноста дека нема шанса, ако не им се даде предвремени парламентарни избори да излезат на локални, рече Груевски.
Тој додаде дека деновите минуваат, а тие бараат сламка за да се фатат.
– Моето мислење е дека тие ќе излезат на избори. Тоа ќе го направат од повеќе причини, заради притисокот на нивното членство внатре во партијата и во таа партија убеден сум, можеби не толку многу во врвот, но во членството има луѓе на кои државата им значи. Нема да дозволат нивниот претседател на партија да игра само за себе. Во овој момент Бранко се бори за Бранко. Бранко не се бори ни за СДСМ, ни за Македонија. И ако го остават вака да продолжи, тој ќе се бори само за себе. Борејќи се само за себе, тој нема да сака да излезат на локални избори зашто е свесен за поразот што го очекува и за проблемите што потоа го очекуваат, рече Груевски и додаде дека наскоро и Црвенковски како давеник ќе бара сламка за спас.