Груби: Преведени и архивирани сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

За помалку од 24 часа, преведени и архивирани се сите 401 амандман поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели Артан Груби за „Макфакс“ и „А1он“.

Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, за кои рече, дека треба време да ги поминат собраниските филтри за да се достават до Комисијата за европски прашања.

Комисиската расправа треба да заврши за два дена според Деловникот, бидејќи измените на изборниот законик се носат со европско знаменце. Расправата беше отворена вчера од страна на претседателот на комисијата, Артан Груби, но по отворањето беше одложена.

Доколку расправата во Комисијата за европски прашања трае до полноќ, тогаш ќе се гласа, бидејќи денеска е вториот ден како е отворена истата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, не може измените на изборниот законик да се дискутираат на Комисијата за европски прашања и да се користи европското знаменце, бидејќи, ЕУ не се меша во изборните законици и остава секоја држава самостојно да го креира. Според нив, ова е класична злоупотреба за овој инструмент.

На денешната седница, ќе се разгледуваат 401 амандман. Присутни се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе треба да ги образложат. Потоа, треба да се гласа за измените.

Кристијан Ландов